ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Стојанов по „петардата“ над Осогово во Кочани: Оваа Беласица е рај за очи

Беласица денес, среде Кочани, го декласираше Осогово со убедливи 0:5 во меч од 22. коло на Втората фудбалска лига – Исток. Струмичани под водство на Александар Стојанов играат одлична сезона и екипата е на добар пат да се врати во елитното фудбалско друштво веќе од следната сезона. Беласица сега е втора и има ист број на бодови- 47 како и Победа која сега е третопласирана.

ПРИЈАВИТЕ СЕ ВО ТЕК ЗА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Во изјава за Спортска Мрежа, по завршувањето на мечот во Кочани, тренерот на Беласица, Александар Стојанов вели дека на полувреме се договориле да останат смирени при градењето на нападите и да ја задржат концентрацијата, а да додадат уште малку интензитет во тој висок пресинг по кој е препознатлива Беласица сезонава, а тоа резултатираше со гол на стартот од вторите 45 минута.

„Заслужена наша победа, уште од првата минута знаевме што сакаме но фалеше само гол во првото полувреме, на полувреме се договоривме само да останеме смирени при градењето на нападите и да ја задржиме концентрацијата, а да додадеме уште малку интензитет во тој висок пресинг по кој сме препознатливи оваа сезона, сето тоа резултираше со гол на почетокот од второ полувреме и после тоа беше уживање да се гледаат овие момци како везат по теренот а и крајниот резултат го покажува тоа, се на се бевме подобри во секој поглед на фудбалската игра, а сето тоа беше наградено на крајот со огромен аплауз и од страна на домашната публика. Честитки уште еднаш за нашите играчи кои прават нешто волшебно оваа сезона за Беласица, и голема благодарност до навивачката група „Ајдуци“ кои и денес не поддржаа во нашата намера и ни беа од огромно значење“, изјави Стојанов за Спортска Мрежа.

Веќе следното коло Беласица на домашен терен во Струмица ја очекува дерби пресметка со Каменица Саса која денес киксна против Пехчево (2:2) и направи чекор назад во борбата со останатите три конкуренти за Прва лига.

Туристичка огласна платформа – Котва.МК ПРОМОЦИЈА НА ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!