ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Стојанов: Овие играчи се злато, вредат многу!

Беласица денес беше убедлива на „Могила“ против Братство со 0:3, со што струмичани сега имаат само бод негатива од лидерот Слога 1934 од Виница која загуби во Гевгелија од Кожуф.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Тренерот на Беласица, Александар Стојанов, за Спортска Мрежа вели дека победата е сосема заслужена.

„Сосема заслужена наша победа, уште од првата минута го контролиравме натпреварот, но ни фалеше реализација и имавме неколку неискористени шанси и пречка во првите 45 минути. Веќе на почетокот од второто полувреме постигнавме гол каде што ни ја олесни работата, сепак се на се не е лесно да се игра на таков терен и со противник кој е доста агресивен, но поучени од првиот натпревар овде денес бевме на висина на задачата со мала конфузија некаде од 70 до 80 минута. Најголеми честитки за нашите играчи тие се богатство на Беласица“, ни изјави Стојанов.

Во однос на табелата како што кажавме лидер останува и понатаму Слога 1934 со 42 бодови, додека пак второто место го делат Победа и Беласица со по 41 бод, а Саса е трета со 40 бодови.

ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ: 074 / 241 – 247

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!