ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Стојанов: Ќе го вратиме препознатливиот стил на игра на Беласица, можеме да надополниме за испуштеното во есенскиот дел!

Беласица интензивно се подготвува за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток. Спортска Мрежа разговараше со тренерот Александар Стојанов за постигнатите резултати и прикажаната игра во есенскиот дел, подготовките, засилувањата и за пролетните предизвици.

Стојанов вели дека бодовната разлика во однос на Победа, Слога 1934 Виница и Каменица Саса не е голема и може истата да се надополни во пролениот дел.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<

„Па како што напоменавте Беласица и Победа пред почетокот на првенството беа наметнати како фаворити за првото место и враќање во елитата според она што значат како клубови во македонскиот фудбал, но сепак Беласица оваа година се соочи со правење на нов тим и нова екипа составена од претежно млади играчи кои ќе бидат костурот на тимот во наредните години. Секако дека имавме осцилации во резултатите, но пред се тоа се должи најмногу на неискуството на голем број млади играчи во тој преод од младински во сениорски фудбал. Секако дека сето тоа го искористија одредени тимови како Слога 1934 Виниац и Каменица Саса кои беа составени од поискусни играчи и го направија тој исчекор кон врвот на табелата. Ние како стручен штаб, а и сите во клубот на чело со претседателот сме задоволни од постигнатото првата полусезона, секако дека можеше на некои натпревари и повеќе, но сепак бодовната разлика не е голема и сето испуштено во првиот дел зошто да не се надополни во пролетниот дел“, вели Стојанов.

Беласица веќе одигра две контролки, а фудбалерите работат на највисоко ниво.

>>> ПРОНАЈДЕТЕ ГО ВАШЕТО МЕСТО ЗА ОДМОР – РЕЗЕРВИРАЈ СМЕСТУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА <<<

„Започнавме на 10. јануари, сите играчи сега за сега се здрави и работат на највисоко ниво, се работи по два пати на ден, до сега одигравме и 2 контролни натпревари во кои на истите дадовме шанса на сите играчи подеднакво, а и секако дека во припремниот период поважно ни е секако развивањето на играта и играчите отколку резултатите“, ни изјави тренерот на струмичка Беласица.

Констурот на екипата останува, а заминаа само оние кои имаа помала минутажа, Беласица ангажираше шест засилувања, а се преговара за уште едно засилување.

„Остана костурот на тимот, заминаа само оние кои имаа помала минутажа, доведовме млади играчи кои ќе ја подигнат конкуренцијата на тимот во споредба со првата полусезона. Во моментот се засиливме со Хамза Рамани од Велешта млад играч кој ќе ни ја зголеми конкуренцијата во средниот ред, дојде Димитар Трајков напаѓач од Академија Пандев, исто така пред некој ден ни пристапи и Леонид Јанкуловски крилен играч од ФК Скопје, како и на бековските позиции се засиливме со Дарио Јовановски од Вардар и Грегори Давков од ФК Скопје, како и повратникот во нашите редови од Детонит Никола Спасов. Во моментот преговараме со уште еден играч и доколку се договориме тука ќе биде крајот на преодниот рок за нас“, изјави тренерот Стојанов.

Стојанов вели дека во иднина ќе го вратат препознатливиот стил на игра на Беласица.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ ХОТЕЛИ, АПАРТМАНИ, РЕСТОРАНИ, КАФУЛИЊА И БАРОВИ НА КОТВА.МК <<<

„Ќе влеземе исто во натпреварите и во пролетната полусезона, но сега малку поискусни во споредба од првата, притисокот нема да им го наметнеме на играчите како што беше и до сега, ќе сакаме да напредуваме од натпревар во натпревар, да го вратиме уште повеќе препознатливиот стил на игра на Беласица во периодот што следи како и да растеме како тим после секој натпревар, а со препознатлива и силна Беласица бенефит има македонскиот фудбал“, завршува Стојанов.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!