ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Стојанов и Муарем за победа над Плачковица во Радовиш

Фудбалерите на Брегалница, согласно посакувањата, дојдоа до нова победа во Втората лига – Исток, триумфирајќи во 22. коло на гостувањето против Плачковица со 0-2 за чекор поблиску кон крајната цел сезонава.

Доминацијата на „сините“ со гол беше прекината во самиот финиш од полувремето кога Мартин Стојанов погоди од пенал во 45. минута.

Во второто полувреме само рутински се одржуваше предност со целосна контрола на играта, за конечно дуплирање на предност во 85. минута со голот на Муарем Муарем, на асистенција на Марио Наумоски, за конечни 0-2.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!