ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Стојанов: Честитки и поклон до земја за моите играчи, ова беше најтешкиот натпревар за мене како тренер!

Беласица на домашен терен забележа триумф од минимални 1:0 над Слога 1934 Виница и со тоа се проби на второто место кое води во баражот за Прва лига. Струмичани во последното коло во Гевгелија ќе ги одмерат силите со Кожуф, каде со триумф ќе го потврдат второто место и ќе играат бараж за експресен кам-бек во елитата.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Со триумфот на Беласица, прилепска Победа стана нов прволигаш после четири години, откако на домашен терен го доби Пехчево. Тренерот на Беласица, Александар Стојанов за Спортска Мрежа рече дека честитките одат за неговите фудбалери, вели дека овој натпревар бил најтешкиот за него како тренер и на крај упати честитки до прилепска Победа за влезот во Прва лига.

„Честитките повторно и денес одат кон нашите играчи, повторно им се поклонувам до земја по незнам кој пат оваа сезона на овие играчи, ова беше најтешкиот натпревар за мене како тренер од кога ја преземав Беласица,се осеќаше и мала психолошка нестабилност по минатонеделниот пораз во Прилеп, но момците беа храбри и на крајот издржаа. Почнавме добро веќе во 10-тата минута го отворивме резултатот и бевме сосема солидни до крајот на полувремето. Во вторите 45 минити не бевме на потребното ниво а уште повеќе ни ја искомплицира ситуацијата и црвениот картон на нашиот играч Јовановски каде што 20 и повеќе минути игравме со играч помалку и го браневме резултатот, а и се створи одредена конфузија во нашите редови и не бевме на потребното ниво, но сепак на крајот не послужи и среќата, а и момците издржаа машки. По игрите оваа сезона Беласица заслужено е тука, се што направивме направивме со многу труд и работа и затоа сите во клубот треба да бидеме горди. Честитки и за Победа за влезот во Прва лига, Прилеп заслужува прволигашки фудбал“, вели тренерот Стојанов за Спортска Мрежа.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!