ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Стојанов: Беласица и денес покажа карактер, тие момци имаат лавовско срце!

Беласица ја продолжува победничката серија во Втората лига – Исток, откако денес на „Благој Истатов“ во Струмица со убедлива 3:0 триумфираше над Пехчево.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

Момците на Александар Стојанов играат фантастична сезона и продолжуваат да го напаѓаат првото место на табелата од кое имаат само бод негатива. Во изјава за Спортска Мрежа, тренерот Стојанов вели дека денешната победа е заслужена, а од понеделник се насочуваат кон следните предизвици на патот кон Прва лига.

„Заслужена наша победа, уште од првата минута знаевме што сакаме, уште од стартот го баравме тој брз гол и тоа и се оствари каде што потоа постигнавме уште 2 гола и до крајот на рутина го доигравме натпреварот без премногу трошење. Честитки и за потегот на натпреварот од страна на нашиот играч Александар Коцев кој постигна евро гол ретко виден на нашите терени кој со аплауз беше поздравен од публиката. Денес веќе заврши, ја прескокнавме и оваа пречка, а од понеделник веќе се насочуваме кон наредните наши предизвици“, ни изјави Стојанов.

ЗА СИТЕ ГОЛМАНИ НА ВОЗРАСТ ОД 7 ДО 19 ГОДИНИ – ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Во следното коло Беласица ја игра дерби пресметката против Победа во Прилеп!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!