РакометРакомет - Суперлига

Стојаноски: Искуството на тренерот Андоновски и сите ние како играчи ќе се избориме за прво место во плеј-аутот!

Искусниот голман Александар Стојаноски е најново засилување за суперлигашот Тиквеш од Кавадарци.

Стојаноски за Спортска Мрежа изјави дека со искусниот тренер Горан Андоновски и сите играчи заедно ќе се изборат за прво место во плеј-аутот и сигурен опстанок во Суперлигата, а за следната сезона да се атакува на плеј-оф.

„Моите очекувања со екипата е да се обезбеди посакуваното прво место во плеј-аутот и да го дадам максимумот. Има добра атмосфера, добри играчи и искусен тренер со кој сум работел и во Охрид. Мислам дека неговото искуство и играчите ќе придонесеме Тиквеш следната сезона да биде во Суперлигата и да игра во плеј-оф“, изјава Стојаноски за Спортска Мрежа.

Тиквеш во плеј-аутот ќе води борба за опстанок со Младост од Богданци, Радовиш, Работнички, Прилеп, Астраион од Струмица, Голден Арт КЛ7 и Јуниор Кисела Вода.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!