РакометРакомет - Суперлига

Стојаноски: Бодови во Кавадарци нема за никого, Тиквеш на секој натпревар оди на победа, па така и на утрешното дерби со КЛ7!

Утре се игра големото ракометно дерби во Кавадарци меѓу Тиквеш и Голден Арт КЛ7 во натпревар од 5. коло од суперлигашкиот плеј-аут. Двете екипи со по 12 бодови се на врвот од табелата, па утрешниот натпревар е предизвик и за двете екипи по трите бодови.

Спортска Мрежа разговараше со искусниот чувар на мрежата на кавадарчани, Александар Стојаноски кој вели дека неговата екипа е максимално подготвена за дербито со противникот од Скопје, вели дека бодови во Кавадарци нема за никого и додава дека публиката недостасува премногу на вакви натпревари.

„После четири кола имаме ист број на бодови со КЛ7 кој можам да кажам дека изненади со победи против Младост од Богданци и Радовиш. Тренерот Горан Андоновски не ни дозволи никакво опуштање, две недели се спремаме за утрешниот натпревар, сите играчи се максимално подготвени и бодови во Кавадарци нема за никого, на секој натпревар одиме на победа.“

„КЛ7 изненади со тоа што играше три натпревари дома и победи против екипи кои треба да бидат меѓу првите четири. Играат борбено, но сметам дека имаме далеку подобра екипа на која местото и е во плеј-оф.“

„Публиката недостасува премногу, Кавадарци е спортски град, од луѓето и навивачите имаме силна поддршка. Се надевам дека следната сезона ќе се врати публиката и заедно со навивачите во сала ќе славиме поголеми успеси“, ни изјави Стојаноски.

Дербито се игра во „Јасмин“ со почеток од 16:00 часот и ќе имате можност да го следите во ЖИВО на Спортска Мрежа со пренос овозможен од РФМ. Натпреварот ќе го суди судиската двојка од Прилеп, Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески, а делегат ќе биде Илија Цветковски исто така од Прилеп.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!