ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Стојан Стојчевски си замина од Борец

Дефанзивецот Стојан Стојчевски кариерата ја продолжува во нов клубот, откако го напушти велешки Борец.

28-годишниот стопер беше еден од клучните фудбалери на Борец, но тој заминува од клубот, откако доскорешниот сопственик Кочо Анѓушев реши да се повлече од велешкиот прволигаш. Покрај Стојчевски, од клубот веќе си заминаа и тренерот Горазд Михаилов, како и помошникот тренер Ангел Темелков, потоа најдобриот фудбалер Никола Прелчец, Никола Ристески и Оливер Стоименовски.

Стојчевски има неколку понуди од странски и домашни клубови, а во следниот период тој ќе одлучи која е најдобрата опција за него. Во својата кариерата тој има настапувано за Скопје, Вардар, Хоризонт Турново, Тетекс, Љубанци, Силекс, Академија Пандев, Работнички и штипска Брегалница.

Колку од играчите ќе останат во Борец останува да видиме во следниот период.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!