Европски ФудбалФудбал

Стивен Џерард нов кандидат за клупата на Тотенхем

Лондонски „Ивнинг Стандард“ пишува дека доколку Тотенхем не успее да постигне договор со Нуно Еспирито Санто ќе се сврти кон Стивен Џерард!

Тотенхем никако да најде наследник за Жозе Мурињо. Нуно Еспирито Санто е моментално првиот кандидат за менаџер на овој клуб, но раководството поучено од лошото искуство со претходните кандидати, размислува и за резервни варијанти.

А, еден од нив, како што пренесуваат медиумите од Лоднон, е поранешен англиски репрезентативец и капитен на Ливерпул. Стивен Џерард се снајде одлично како менаџер на Глазгов Ренџерс, со кого минатата сезона ја освои титулата во Шкотска и ја прекина десетгодишната доминација на Селтик.

Пред Нино Еспирито Сантао и Стивен Џерард, Јулијан Нагелсман, Ерик тен Хаг, Брендан Роџерс, Маурисио Покетино, Антонио Конте, Пауло Фонсека, Џенаро Гатузо, Јирген Клинсман, Хулен Лопетеги не се „профилираа“ за клупата на Тотенхем.

Интересно е што во Тотенхем ја отфрлија можноста Нуно Еспирито Санто да го наследи Жозе Мурињо кога го напушти Вулверхемптон на крајот од сезоната, но контактот беше обновен со назначувањето на новиот генерален директор Фабио Паратичи. Италијанецот високо ја цени работата на поранешниот менаџер на Вулверхемптон и има одлични односи со неговиот агент Хорхе Мендеш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!