ЕУРО 2020Фудбал

Стигна официјална потврда за тоа што навистина му се случило на Ериксен

Данскиот ас Кристијан Ериксен го загрижи целиот свет вчера, кога падна на теренот на натпреварот против Финска. Лекарите притрчаа кон него, го реанимираа после 13 минути, играчот за врска беше стабилизиран на теренот, а потоа беше пренесен во болница на дополнителни прегледи.

Лекарот на данскиот тим, Мартин Босен, потврди дека Ериксен доживеал срцева слабост и објаснил дека причините сè уште ги нема.

Неговите први резултати се добри, но ќе мора да поминеме дополнителни тестови. Никој од нас не знае зошто се случи ова.

На прашањето што предизвикало вакво нешто, докторот кратко одговори:

Не знам, но го вративме по една реанимација. Никој од нас сè уште не знае што го предизвика сето тоа.

Следниот натпревар Данците го играат во четврток, против Белгија, а дотогаш се очекува дополнително стабилизирање на состојбата на Ериксен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!