ОстанатоФудбалФутсал

Стефановски и Јовановски се распукаа, Конзули со ДЕСЕТ гола го декласираше СЕЕ Университи

Вечерва во Битола се комплетираше 8. коло од Втората футсал лига на Македонија. Конзули со убедливи 10:2 го декласираа СЕЕ Универисити, а Стефановски и Јовановски постигнаа по три погодоци и беа најефикасни во последниот меч од оваа рунда.

Фаворитската улога беше оправдата, а сосема очекувана беше и победата за Конзули со која второлигашот од Битола се проби до втората позиција на табелата и истата ќе ја дели со Форца со по 18 освоени бодови.

Стефан Стефановски и Марјан Јовановски со по три погодоци беа најрасположени за голови, а по еден погодок за Конзули постигнаа и капитенот Муса Веизовски, Вељан Пејовски, Алмир Бајрами и Мартин Кузманов. Кај гостите стрелаа Ардиан Идризи и Алирами Рамадани.

Конзули – СЕЕ Университи

Лидер на табелата е Кеги Моби од Велес со 19 бодови, а како што кажавме Форца и Конзули го делат второто место на табелата со 18 бодови, додека пак на четвртото место со бод помалку е Мал Ајакс кој е четврти.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!