ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Ставрев ќе го суди големото дерби меѓу Вардар и Воска, Смоквоски патува во Велес, Пилешков во Гевгелија

Викендот на програмата се натпреварите од 10. коло од Втората македонска фудбалска лига. Сите натпревари ќе се одиграат в сабота, а мечот меѓу Тетекс и Слога од Виница ќе се одигра в недела. Што се однесува до времето на одигрување, сите натпревари ќе започнат во 14 часот, големото дерби меѓу Вардар и Воска ќе стартува во 13:30 часот, а пак дуелот меѓу Тетекс и Слога Виница, кој се игра в недела ќе започне во 13 часот.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум второлигашки натпреварите. Искусниот Александар Ставрев ќе го суди големото дерби меѓу Вардар и Воска Спорт, кое се игра на „Железарница“ во Автокоманда, Кирил Смоквоски ќе патува во Велес каде ќе им суди на Борец и Караорман, додека пак штипјанецот Димитар Пилешков ќе им суди на Кожуф и Гостивар во Гевгелија.

  • Делегирани судии 10. коло ВМФЛ:

Пелистер – Беласица, Игор Иванов (Велес)
Тетекс – Слога Виница, Дени Лековски (Битола)
Вардар – Воска Спорт, Александар Ставрев (Скопје)
Кожуф – Гостивар, Димитар Пилешков (Штип)
Арсими – Беса, Пларент Салихи (Тетово)
Охрид – Каменица Саса, Бењамин Ќерими (Скопје)
Детонит Плачковица – Локомотива Пехчево, Марјан Стојановски (Кичево)
Борец – Караорман, Кирил Смоквоски (Прилеп)

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!