ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Ставрев ќе го суди големото дерби меѓу Работнички и Шкендија, Качевски на центарот во Струмица

Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите за 21. коло од Првата македонска фудбалска лига кое се игра веќе утре.

Големото дерби во Скопје меѓу Работнички и Шкендија ќе го суди нашиот најдобар судија Ставрев Александар, а ќе му помагаат Петрески Гоце и Путилин Бранко.

Дуелот меѓу Силекс и Шкупи во Кратово ќе го суди Ѓоргиев Крумислав, додека негови помошници ќе бидат Станковски Ѓорѓи и Ангеловски Кире.

На центарот на СЦ „Пандев“ ќе застана Качевски Јован кој ќе ја дели правдата меѓу Академија Пандев и Македонија ЃП. Помошници на стружанецот ќе бидат Мацевски Ацо и Дрнковски Николче.

Во Велес на мечот меѓу Борец и Беласица правдата ќе ја дели Влахо Костантин, а негови помошници ќе идат Ицковски Филип и Видиниќ Дарко.

Струга Трим Лум ќе биде домаќин на Пелистер, а дуелот ќе го суди Иванов Игор, а негови помошници ќе бидат Василевски Даниел и Маркоски Слаѓан.

Дербито во Тетово меѓу Ренова и Вардар му припадна на Стојчевски Игор, а ќе му помагаат Неделкоски Дејан и Димитријевиќ Дејан.

Сите натпревари започнуваат во 14:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!