ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
Ставрев ќе го суди дербито меѓу Шкупи и Струга ТЉ, Иванов на центарот во Штип

Викендот се играат натпреварите од 11. коло од Првата македонска фудбалска лига. Фудбалската федерација на Македонија ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на сите пет натпревари.
Четири натпревари ќе бидат одигарани в сабота со почеток од 14:00 часот, а големата дерби пресметка меѓу актуелниот шампион Шкупи и моментално непоразениот лидер Струга Трим Љум ќе се одигра в недела.
- Делегирани судии 11. коло ПМФЛ:
Македонија ЃП – Скопје, Фуркан Идризи (Тетово)
Шкупи – Струга Трим Љум, Александар Ставрев (Скопје)
Победа – Академија Пандев, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Брегалница – Силекс, Игор Иванов (Велес)
Работнички – Шкендија, Стојанче Стојанов (Штип)