ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Статистика за ТМФЛ – Југозапад: Белица има најубедлива победа на домашен терен и со најмногу погодоци!

Третите лиги во моментот се во мирување, а шансите за да продолжат истите се многу мали. Во таков случај првопласираната Воска од Охрид ќе игра бараж за влез во Втората лига – Запад.

Статистика за Трета лига – Југозапад:

Најголема победа на домашен терен:

  • Белица 12:1 Стрела

Најголема победа на гостински терен:

  • Победа Ивањевци 0:7 Лирија Грнчари

Натпревар со најмногу голови:

  • Белица 12:1 Стрела

Во Третата лига – Југозапад има одиграно вкупно 155 натпревар при што биле постигнати 611 погодоци, или во просек 3.94 погодоци по натпревар.

Воска има постигнато најмногу погодоци вкупно 69, додека Караорман има примено најмалку погодоци вкупно 13.

Воска е единствената екипа која е непоразена во Третата лига – Југозапад, а најмногу порази има екипата на Победа од Ивањевци.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!