ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Стартува Трета лига – Југ: Вардар Неготино на дерби со Обршани, Локомотива домаќин на Младост 1930

Во недела стартува пролетната полусезона од Третата лига – Југ со натпреварите од 14. коло.

Големо дерби ќе се игра на Градскиот стадион во Неготино, каде амбициозниот и значително засилен Вардар Неготино ја чека екипата на Обршани. Дербито на колото ќе понуди атрактивна борба за трите бодови, со оглед на фактот дека и двете екипи се фаворити за прво место, затоа овој натпревар ќе биде пренесуван во ЖИВО на Спортска Мрежа.

Лидерот Локомотива на теренот во Градско ја чека екипата на Младост 1930. Есенскиот шампион ќе биде голем фаворит на овој натпревар кој исто така ќе се пренесува во ЖИВО на Спортска Мрежа.

Второпласираната екипа на Ново Црнилиште пролетната полусезона ја стартува на домашен терен против Младост од Удово. Домаќинот според формата и домашниот терен ќе биде фаворит за победа, но Младост Удово во Црнилиште доаѓа значително засилен, па тоа го прави мечот интересен и неизвесен.

Во Крушево се игра дербито од дното на табелата меѓу домаќинот Питу Гули и Динамо. Домаќинот ќе го искористи домашниот терен за победа и три бодови со цел да остане надвор од опасната зона за испаѓање, додека гостите со евентуална победа и три бодови ќе направат чекор плус кон сигурен опстанок.

Амбициозната екипа на Братство 07 пролетниот дел го отвара со гостување кај Марена. Братство 07 најавува борба за првото место и промоција во Втората лига – Исток, додека екипата на Марена ќе го искористи домашниот терен за изненадување.

Локомотива Градско – Вардар Неготино

На теренот во Башино Село се игра, исто така, големо дерби од дното на табелата, меѓу екипите на Илиден БС и Големо Коњари кои оваа пролет ќе се борат за сигурен опстанок во третолигашкото друштво. Големо Коњари во Башино Село доаѓа „ремонтиран“ и значително засилен со единствена цел победа и три бодови.

На „Могила“ силите ќе ги одмерат Напредок од Крушеани и Дојранско Езеро. Иако екипата од Дојран е на десеттото место бидејќи имаше големи проблеми со Ковид-19 и цела есен водеше тешка борба, сепак на „Могила“ доаѓа засилена и комплетна и токму тоа го интересен и неизвесен мечот со Напредок Круешани кој пролетната полусезона ќе се бори за прво место и влез во Втора лига – Исток.

Екипата на Превалец ова коло е слободно.

Табелата од Третата лига – Југ можете да ја погледнете ОВДЕ.

Сите натпревари стартуваат во 14:00 часот и ќе бидат одиграни без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!