ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Стартува Трета лига – Исток: Многу засилувања и пет фаворити за влез во Втора лига – Исток, кој ќе биде нов второлигаш ?

Викендот започнува пролетната полусезона од Третата лига – Исток, со натпреварите од 12. коло.

Пет третолигаши се главни фаворити за првото место и влез во Втората лига – Исток. Лидерот Брегалница од Делчево има 28 бодови, втор е радовишки Детонит со 26 бодови, следува Овче Поле кој е трет со 24 бодови, а на делба на четвртата позиција се Малеш и Хоризонт Турново со по 22 освоени бодови.

Зимската пауза донесе многу играчи и многу промени. Најактивен клуб на трансфер пазарот беше беровски Малеш, кој силно атакува на првото место и влез во второлигашкото друштво. Клубот е финансиски стабилен, што е уште еден голем мотив за да се обезбеди првото место и следната сезона без никакви проблеми, пред се финансиски се гледа Втора лига во Берово.

Детонит од Радовиш е клуб кој што има голем квалитет, а зимската пауза ја искористи за да се засили со неколку квалитетни играчи, со што квалитетот е значително подигнат. Кога сме кај финансиите и овој клуб е стабилен и може без никакви проблеми да игра во Втора лига – Исток и да постигна солидни резултати. Детонит веќе еднаш беше во второлигашкото друштво во сезона 2018/2019.

Во конкуренцијата за прво место нормално влегува и лидерот Брегалница Делчево. Од овој клуб си замина искусниот млад играч Томи Станоевски кој го засили конкурентот Детонит, а повратник од Бугарија во екипата од Делчево е Миле Денковски. Клубот започна и со продажба на картички за лојалност со цел да ја подобри финанскиската состојба, бидејќи Втора лига бара стабилни финансии. Останува да видиме како лидерот ќе одговори на предизвикот во пролетната полусезона.

Овче Поле, исто така е еден од главните фаворити за влез во Втората лига – Исток. Клубот го ангажираше искусниот Димитриј Пачемски од Малеш, кој со своето искуство ќе треба да помага на клубот од Свети Николе во борбата за првата позиција и промоција во Втора МФЛ – Исток.

Малеш – Василево

Хоризонт Турново е во друштвото на петте фаворити за прво место. За Хоризонт Турново не треба многу да се збори, клуб со голема традиција и историја, но за жал, од Прва лига, денес го гледаме во Третата лига – Исток. Клубот одигра одлични контролни натпревари, а турновци имаат одлични услови за тренинг, што овозможи зимските подготовки да течат без проблеми. Во рамки на спортскиот комплекс „Кукуш“ се наоѓа и затворена балон сала со вештачка трева, каде за време на снежните денови и ниските температури, екипата без проблеми ја темпираше својата форма.

Хоризонт Турново – Овче Поле

Карбинци иако не е фаворит за првото место и промоција во Втора лига – Исток, клубот покажа дека има квалитет, одлични играчи со кои оствари солидни резултати. Во пролетната полусезона клубот влегува со цел за продолжување на одличните резултати од есенскиот дел, како и повисок пласман на табелата.

Тиверија одигра лоша полусезона, а во пролетниот дел струмичкиот клуб се стреми да оствари подобри резултати кои клубот ќе го однесат повисоко на табелата.

Спартмани беше одличен, меѓутоа клубот влезе во резултатска криза и го спушти на шестото место на табелата со 16 бодови. Неколку играчи го напуштија клубот од Градско Балдовци, па останува да видиме колку екипата ќе одговори на предизвикот за висок пласман на табелата во пролетната полусезона.

Чешиново стартуваше одлично, неколку кола беше на врвот, по што следуваа серија лоши резултати за да презими на седмото место на табелата со 14 бодови.

Лигата ја напуштаат две екипи, а борбата за опстанок ќе ја водат три екипи. Василево е на дното со три бодови. Клубот доби нов тренер, неколку засилувања, па се очекува во пролетната полусезона да бидат постигнати подобри резултати, што ќе значи и опстанок во третолигашкото друштво.

Работник Џумајлија цела есенска полусезона се соочуваше со сериозни проблеми. Финанските проблеми беа најголема пречка за клубот, потоа тенкиот играчки кадар, со што клубот мака мачеше за секој натпревар да состави екипа, па есенскиот дел го заврши на претпоследното место со само 4 освоени бодови.

Раклиш од Радовиш е на десеттото место на табелата со осум освоени бодови. Радовишани имаат екипа која би требало да донесе подобри резултати и сигурен опстанок во третолигашкото друштво.

>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ИСТОК, МОЖЕТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ <<

Веќе во недела ќе гледаме големо дерби во Свети Николе каде ќе се соочат директните конкуренти за првото место, Овче Поле и беровски Малеш.

Дербито од дното на табелата ќе го одиграат Василево и Работник Џумајлија, трите бодови ќе бидат важни и за двете екипи кои се борат за опстанок.

Хоризонт Турново на „Кукуш“ го чека Раклиш, во меч каде турновци влегуваат како апсолутни фаворити против радовишани.

Детонит на Градскиот стадион во Радовиш ќе ја пречека екипата на Спартмани. Домаќинот ќе биде голем фаворит на овој меч против екипата од Градско Балдовци.

Карбицни – Детонит

Тиверија на домашниот терен ја чека екипата на Чешиново. Струмичани на овој дуел ќе влезат како благи фаворити за победа и три бодови.

Лидерот Брегалница на Градскиот стадион во Делчево ја чека екипата на Карбинци. Домаќинот ќе има сериозна и тешка задача, затоа што Карбинци важи за „незгоден“ противник и екипа од која тешко се добиваат бодови.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!