Стартува пролетната полусезона од Третата лига – Север со големото дерби меѓу Беса Влазрими и Студена Вода

Викендот започнува пролетната полусезона од Третата лига – Север, која ќе донесе многу возбуда и голема борба за првото место и промоција во Втората лига – Запад.
Неколку екипи се наметнуваат како фаворити за влез во второлигашкото друштво и токму тоа ќе понуди одлични дерби натпревари цела пролет.
Веќе во недела ќе го следиме големото дерби меѓу лидерот Беса Влазрими и второпласираната Студена Вода, натпревар кој ќе се одигра во Слупчане.

Илинден на домашен терен ќе има тежок натпревар против засилената и амбициозна Фортуна која ќе важи за апсолутен фаворит. Интересен и неизвесен дуел ќе има меѓу Њу Старс и Раштак, Волково на домашен терен против Аеродром ќе се обиде да го поправи лошиот есенски впечаток.
„Фернеџијата“ Речица стартува на домашен терен против Петровец, додека на „Борис Трајковски“ Маџари Солидарност ја чека екипата на ССК Нова.
Локомотива Бентоекспорт на домашен терен ќе се соочи со Башкими кој на крајот од есенската полусезона влезе во ритам, Њу Јорк ќе биде домаќин на засилената Риниа која во пролетната полусезона влегува со поголеми амбиции.
Сите натпревари стартуваат во 13:00 часот и ќе се одигра без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.
Целата табела од Третата лига – Север погледнете ја ОВДЕ.