ФудбалФутсал

Стартува новата сезона од Првата футсал лига – Кеги Моби против Железарец, дерби-пресметка меѓу Арбен Бајрами и Проект

Утре започнува новата сезона од Првата футсал лига на Македонија со воведниот меч во Велес меѓу повратникот Кеги Моби и Железарец.

Овој меч ќе биде првиот што ќе се одигра во новата сезона. Во однос на екипата на Кеги Моби треба да го споменеме фактот дека е фузирана со Астибо од Штип и овие две екипи ќе настапуваат како една, за што веќе објави Спортска Мрежа.

Овој меч ќе се одигра во Спортската сала „Гемиџии“, утре со почеток од 19:00 часот.

Еден час и 30 минути подоцна (20:30) ќе започне дуелот во Кавадарци помеѓу Црна Река и Карадаку со вториот меч од 1. коло.

В недела ќе се одигра дербито на колото меѓу Арбен Бајрами и Проект. Двата големи ривали ќе ги одмерат силите на Чаир во меч кој ќе предизвика големо внимание. Натпреварот се игра во „7-март“, а ќе започне во 17:30 часот.

Новиот прволигаш Форца, екипа која лани беше шампион во Втората футсал лига, новата сезона во Првата футсла лига ќе ја стартува на домашен терен против Јувентус Серава. Мечот ќе започне во 20:30 часот.

Колото ќе биде затворено в вторник со мечот меѓу Енхалон и шампионот Шкупи кој ќе започне во 20:00 часот. Овој натпревар се игра во Струга во Спортската сала „Тими“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!