РакометРакомет - Прва лига
Старт на плеј-офот од Првата лига: Дерби меѓу Јехона и Скопје, Драчево против Вардар Неготино

Викендот стартува плеј-офот од Првата ракометна лига со натпреварите од 1. коло.
Колото ќе биде отворено во сабота со двата воведни натпревари меѓу Шампион и Металург-РА кои ќе стартуваат во 12:00 часот. Во вечерниот термин од 19:00 часот се игра дербито меѓу Јехона и Скопје 2020.
Колото ќе биде затворено во недела со дуелот меѓу Драчево и Вардар Неготино со почеток од 13:00 часот.
Само најдобрата екипа од плеј-офот од Првата лига ќе игра бараж за влез во Суперлигата со четвртопласираната екипа од плеј-аутот од Суперлигата.