ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ССК Нова со победа над Речица, Њу Јорк сигурен против Илинден

Екипата на ССК Нова стигна до својата втора сезонска радост, откако денес на домашен терен со 2:1 славеше над Речица, во дерби од дното на табелата во рамки на 9. коло од Третата лига – Север.

Гостите отворија подобро и први стигнаа до водство, откако Димитриевски Виктор во 17. минута погоди за 0:1. Голот како да ги разбуди домаќините и започнаа да игра подобро и во 32. минута од мечот преку Исмаиловски Ферди израмнија на 1:1.

Во вториот дел ССК Нова играше одлично, а го имаше и расположениот Ферди кој во 77. минута постига уште еден погодок за 2:1 и за победа на домашната екипа.

ССК Нова направи сок од две места и во моментот е на 13. место на табелата со 7 бодови, додека Речица останува „закована“ на последното место со 3 бодови.

Њу Јорк дојде до сигурна победа на домашен терен, откако со 3:1 славеше над Илинден. Првиот дел од натпреварот се играше претпазливо, а први од водство дојдоа гостите преку Шукрија Шуајб во 42. минута од натпреварот, но радоста траеше кратко бидејќи Фетаин Еркан погоди за 1:1.

Во вториот дел домаќините играа многу подобро и веќе во 49. минута имаа предност од 2:1, а стрелец на голот беше Зендели Берат. Притисокот за нов гол и сигурна победа од страна на Њу Јорк продолжи и во 55. минута Берат погоди повторно и ги постави конечните 3:1.

Њу Јорк во моментот е на седмото место на табелата со 15 бодови, додека Илинден е на 14. место со 5 бодови.

Колото ќе биде комплетирано утре кога ќе бидат одиграни останатите шест средби кои ќе започнат во 13:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!