ССК Нова домаќин на лидерот Фортуна, дерби меѓу Башкими Љуботен и Маџари Солидарност

Со шест натпревари во среда и еден во четврток ќе биде одиграно вонредното 21. коло од Третата лига – Север. Аеродром на домашен терен ќе го пречека расположениот Илинден, Петровец ќе биде домаќин на Раштак, додека ССК Нова дома го очекува тежок дуел со лидерот Фортуна.
Студена Вода ќе одигра дерби со Њу Старс, додека Башкими ќе се соочи со Волково кој се надева на продолжување на победничката серија во борбата за опстанок. Риниа како апсолутен фаворит ќе ја пречека последнопласираната Речица, додека во Бутел ќе се одигра дерби меѓу Башкими Љуботен и Маџари Солидарност.
Сите натпревари ќе започнат во ист термин, односно во 16:30 часот.
ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – СЕВЕР ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ
Фортуна е на врвот од табелата со 51 освоен бод и има четири бодови повеќе во однос на второпласираната Беса Влазрими. Голема неивесност ќе има околу третото место како и во борбата за опстанок.