ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Срѓан Захариевски: Струга Трим Лум ќе ја помине ова криза

Струга Трим Лум денес на домашен терен ќе ја пречека последнопласираната Беласица, во натпревар од 25. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Пред стартот на натпреварот кој е закажан во 15:00 часот, тренерот на Струга Трим Лум, Срѓан Захариевски вели дека освен победа се друго е неуспех за неговата екипа.

„Паузата ја искористивме да ја освежиме екипата пред престојните натпревари кој се со згуснат распоред. И ако екипата е со намален играчки кадар, сепак има доста квалитет за да ја надминеме кризата и конечно да победуваме и да бидеме на она место и ниво кое овие играчи го заслужија во есенскиот дел.“

„Секако дека освен победа се друго е неуспех за нас. Верувам во моите играчи, не само на овој натпревар, туку и на сите пресотанати до крај на првенството“, вели тренерот Захариевски.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!