Спортска Мрежа дознава: ЖФК Љуботен ќе донесе уште едно интернационално засилување и две македонски репрезентативки!

ЖФК Љуботен гради тим со кои што покрај сигурен опстанок ќе атакува и на Куп-титулата за тековната сезона, а за следната сезона со уште неколку бомбастични засилувања во текот на летниот трансфер период ќе атакува и на шампионската титула.
Тетовски женски клуб донесе две атрактивни бразилски засилувања, станува збор за Ана Беатриз Тарантино – Роналдиња и Таила Фариас, на голманската позиција се засили со репрезентативката Магдалена Лекоска, ја врати Сања Митреска – Сани од АС Јунајтед од Струга, а клубот денес ја засили одбраната со камерунската интернационалка Меитефанг Тагне Хорелиа Сореле.
Спортска Мрежа екслузивно дознава дека ЖФК Љуботен за зимскиот трансфер период ќе официјализира уште едно интернационално засилување како и две македонски репрезентативки. Преговорите за овие три засилувања се во завршна фаза.
Станува збор за дефанзивен играч и крилен универзелец кој може да игра и на десната и на левата страна, а со оглед на фактот дека тетовскиот клуб во составот ги има Живиќ, Белистојаноска, Јашари како и младите и перспективни Зафировска, Јовановска, Бартон, Митовска… кои се иднината на клубот надополнети со досегашните засилувања кои престигаа во Тетово во овој период, ЖФК Љуботен ќе има повеќе репектабилен тим.
Составот кој ќе се прошета низ лигата и кој сигурно ќе обезбеди опстанок, бидејќи од следната сезона ќе има и Втора женска фудбалска лига, во тековната сезона од Првата лига ќе испаднат дури седум екипи, односно само првите осум имаат сигурен опстанок, што значи дека ЖФК Љуботен со ваков состав има загарантиран опстанок. Истиот во текот на летниот трансфер период како што дознава Спортска Мрежа ќе биде надополнет со неколку бомбастични засилувања и клубот ќе атакува на шампионската титула.
Амбициозниот тим на ЖФК Љуботен ќе ја направи интересна сезоната во ПЖФЛ во борбата за шампионската титула, со оглед на фактот дека конкурентите за титулата ќе имаат големи маки да обезбедат бодови со тетовчанки.