ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Спортска Мрежа дознава: Воска Спорт утре ќе промовира ново засилување на голманската позиција од Силекс!

Воска Спорт е меѓу најактивните клубови на трансфер пазарот. Новиот второлигаш секој ден претставува квалитетни играчи со кој клубот од Охрид ќе атакува на влез во Првата македонска фудбалска лига и со тоа да направи нов историски успех.

Како што дознава Спортска Мрежа утре на „Грашница“ ќе биде преставено новото голманско засилување за Воска Спорт кое доаѓа од редовите на кратовски Силекс.

Воска Спорт минатата сезона заврши на првото место во Третата лига – Југозапад без ниту еден пораз и направи историски успех со влезот во Втората лига – Запад, откако со 4:2 славеше над Фортуна. Со квалитетните засилувања кои ги претстави до сега новиот второлигаш, како и со оние кои се најавени, дефинитивно Воска Спорт ќе конкурира за пласман во Првата лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!