Европски ФудбалФудбал

Спорт: Меси и Барса се согласија, потпис на договорот до крајот на неделава

Според каталонски „Спорт“, Лионел Меси и Барселона имаат договор за продолжување на соработката. Засега, сепак, не е сè готово и се очекува продолжување на соработката меѓу Аргентинецот и клубот во кој тој е уште од детството да биде официјализирана до крајот на неделава. Лео е слободен играч од првиот ден на јули, бидејќи во тоа време му истече претходниот договор со Барселона.

Според „Спорт“, договорот ќе биде на пет години, а Меси и Барса ќе стават крај на сите шпекулации. Некои сугерираа дека Лео ќе игра за ПСЖ, а некои дека ќе игра за Интер Мајами во Америка.

Сепак, Меси чувствува дека има сила и енергија да продолжи да го носи дресот на Барселона, а покрај тоа ќе го „проголта“ и намалувањето на платата за 50% што е потребно заради финансиските потешкотии што постојат во клубот. „Спорт“ наведува дека тој разбира колку е тешко во моментот и дека тој ќе биде првиот кој ќе им даде пример на другите кои засега одбиваат да ги намалат своите плати.

Во преговорите меѓу Меси и Барселона, парите никогаш не биле проблем, но проблем е оданочување, па и двете страни со посебна претпазливост и приоѓаат на оваа тема. Така, принципите на континуирана соработка се усогласени, и според „Спорт“, скоро ништо не може да тргне наопаку во овие преговори.

Меси моментално е на одмор, каде ужива по триумфот на Аргентина на Копа Америка.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!