Спорт: Барселона одлучи кој напаѓач го сака во јануари

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани би можел да ја продолжи кариерата во Примера.
Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона е заинтересирана за 34-годишниот фудбалер кој не е во преден план на „Олд Трафорд“.
Истиот извор наведува дека ангажирањето на уругвајскиот репрезентативец е приоритетна опција за клубот од стадионот „Камп Ноу“ во јануарскиот преоден рок. Барселона пред евентуалниот трансфер сака да ја провери физичката состојба на искусниот напаѓач и доколку се биде во ред ќе испрати понуда до Манчестер Јунајтед.
Кавани дојде во англискиот клуб во октомври 2020 година како слободен играч, а неговиот договор истекува на крајот од сезоната. Уругваецот оваа сезона постигна еден гол на пет натпревари.
Каталонците останаа без овогодинешното засилување од Манчестер Сити, Серхио Агуеро, кој денес на прес-конференција ќе го потврди повлекувањето поради проблеми со срцето.