Европски ФудбалФудбал

Според докажан рецепт: Симеоне носи уште еден „недопирлив“ играч од првиот тим на Барса

Шпекулациите за летниот преоден рок не изостанаа во средината на оваа пролет. Атлетико Мадрид се поврзува со голем број фудбалери поради освојувањето на титулата во Шпанија, но јасно е со кој рецепт Диего Симеоне повеќе би сакал да работи.

Откако минатото лето го донесе Луис Суарез од Барселона, „јорганџиите“ се подготвуваат за нов сличен трансфер. Жорди Алба сега е наводно новата мета на новиот шампион, пренесува шпански „АС“.

Недопирливиот играч од првиот тим на каталонскиот гигант е слободен да бара нова средина, иако има договор до 2024 година. Лапорта подготвува одредени измени, а од продажбата на искусниот Шпанец би можел да заработи 20 милиони евра.

Атлетико е подготвен за договор и подготвува соодветна понуда за левниот бек на Барселона. Алба е играч на Барселона од 2012 година. Одигра 385 натпревари и освои се што може да се освои. Вреди да се напомене дека тој запиша 81 асистенција за време на неговиот престој на „Камп Ноу“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!