ЕУРО 2020ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

Спировски: Веруваме во себе и подготвени сме да ја израдуваме нацијата!

Репрезентацијата на Македонија ги продолжува подготовите за историскиот настап на Евроспкото првенство. Фудбалерите максимално се фокусирани за настапите на ЕП кое започнува за околу две недели.

Стефан Спировски вели дека е голема чест што е дел од оваа репрезентација.

„Ми претставува огромоно задоволство што ќе ја претставувам Македонија на едно вакво натпреварување, се радувам на предизвикот наречен Европско првенство. Веруваме во себе и подготвени сме да ја израдуваме нацијата. Тренираме напорно и максимално сме фокусирани на првиот натпревар што го играме против селекцијата на Австрија. Ни значи поддршката од медиумите и од луѓето. Во мојот клуб АЕК среќни се што првпат ќе имаат фудбалери во мене и Тричковски кои ќе ги претставуваат на големо натпреварување. Македонија ќе има многу навивачи во Кипар. Се надевам дека Македонија ќе ја претставиме во вистинско светло.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!