РакометРакомет - Суперлига

Спасе Ѓоргиев верен на Радовиш, продолжена соработката и за следната сезона

Ракометниот клуб Радовиш продолжува со градењето на екипата за следната сезона во Супер лигата на Македонија.

Радовиш денес ја продолжи соработката со Спасе Ѓоргиев, десното крило кое долги години го носи дресот на овој суперлигаш.

Искусниот Ѓоргиев беше еден од подобрите минатата сезона и останува во Радовиш и следната сезона, а претходно беше продолжена соработката со Здравко Постолов, Ангелче Органџиев и Кристијан Ристов.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!