Спартмани го чека лидерот Брегалница Делчево, Малеш домаќин на Карбинци

Во недела се игра 10. коло од Третата лига – Исток. Малеш на Градскиот стадион во Берово ја чека екипата на Карбинци. Домаќините кои ќе важат за фаворити на овој меч во кој влегуваат подготвени и со единствена цел – победа и три бодови. Карбинци во минатото направи пријатно изненадување и на домашен терен славеше против „незгодниот“ Спартмани.
Детонит од Радовиш ќе гостуваат во Чешиново, каде ќе се судри со истоимената екипа. Радовишани важат едни од главните фаворити за првото место и влез во Втората лига, а за натпреварот во недела имаат единствена цел – победа и три бодови со цел да останат во чекор со лидерот Брегалница од Делчево.
Спартмани во Градско Балдовци го чека лидерот Брегалница од Делчево. Интересен и возбудлив меч во кои двете екипи ќе атакуваат на победа. За гостите од Делчево победата е единствена цел за да го задржат лидерското место, но, Спартмани на теренот во Градско Балдовци максимално подготвен ќе се спротивстави на екипата од Делчево.
Хоризонт Турново ќе гостува во Лозово каде ќе се судри со домаќинот Работник Џумајлија. Гостите од Турново на овој натпревар ќе бидат апсолутни фаворити, поради подобрата екипа и форма.
Тиверија ќе има можност конечно да запиша победа и да излезе од резултатската криза, каде на гостувањето кај „фенерџијата“ Василево ќе важи за голем фаворит.
Сите натпревари ќе започнат во 13:00 часот и ќе бидат одиграни без присуство на публика, согласно мерките и препораките за заштита од Ковид-19.