Европски ФудбалФудбал

Соработката продолжува, Симеоне „јорганџија“ до 2024 година!

Бајката помеѓу Атлетико Мадрид и тренерот Диего Симеоне, која трае веќе девет години, од 2012 година ќе биде продолжена. Една година пред истекот на важечкиот договор, двете страни, како што се очекуваше, се согласија да ја продолжат соработката за уште две сезони, што значи дека популарниот Чоло ќе остане на стадионот „Ванда Метрополитано“ до 2024 година.

Преговорите меѓу раководството на Атлетико и човекот која во својот деветгодишен мандат ја освои минатата сезона втората титула во Шпанија, беа лесни, иако аргентинскиот стручњак имаше одредени барања, пред се поврзани со играчкиот кадар. Симеоне сака ‘рбетот на тимот да остане заедно и тимот дополнително да се засилува.

Приоритет во таа насока е да се донесе напаѓачот Лаутаро Мартинез, за ​​кого италијанскиот шампион Интер во моментов бара отштета од 70.000.000 евра. Симеоне инсистира на него, така што ќе има работа за челниците на клубот. Во секој случај, со останување на клупата уште три години, Атлетико го доби мирот што го немаат најголемите ривали Реал и Барселона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!