Европски ФудбалФудбал

Сопствениците на Ромa му ветија големи засилувања на Мурињо, а сега бараат извор за финансии!

Мурињо нема да биде воодушевен ако нема доволно пари за засилувања. Американските претприемачи Дан и Рајан Фридкин, сопственици на италијанскиот фудбалски прволигаш Рома, бараат партнери за да дојдат до нов капитал.

Тие се надеваат дека ќе најдат нов капитал во преговорите со американските инвестициски фондови, објавија италијанските медиуми.

„Групата Фридкин“ ја купи Рома пред една година од американскиот милијардер Џејмс Палот, кој го поседуваше римскиот клуб седум години. Фридкинс веднаш вложи 200 милиони евра во клубот, но Рома сè уште е во големи долгови. Во мај беше објавено дека Рома должи 265 милиони евра.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!