Европски ФудбалФудбал

Солскјер потпиша нов договор со Јунајтед: Секој знае што чувствувам за овој клуб

Оле Гунар Солскјер потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед.

Норвешкиот стручњак се согласи да соработува до летото 2024 година, со опција за продолжување на договорот за уште една сезона.

„Нашето минато. Нашата сегашност. Нашата иднина. Чест ни е да објавиме дека Оле потпиша нов договор со клубот“, беше објавено од Манчестер Јунајтед.

Солскјер е пресреќен со новиот договор и најавува големи работи.

„Секој знае како се чувствувам во врска со овој клуб. Почестен сум од новиот договор. На Јунајтед му претстои возбудлив период, изградивме тим во кој балансиравме искусни и млади играчи кои се гладни за успех“, рече Оле и додаде:

„Имам фантастичен тренерски штаб околу мене и подготвени сме за нов чекор. Манчестер Јунајтед сака да освои големи трофеи. Направивме голем напредок и тоа ќе продолжи и во наредните сезони. Едвај чекам да започне новата сезона на преполниот Олд Трафорд“, изјави менаџерот на „црвените ѓаволи“.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!