Европски ФудбалФудбал

Солскјер не се шегува, освен Санчо носи уште две ГОЛЕМИ засилувања во Јунајтед!

Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок значително ќе се засили за следната сезона во која силно ќе атакува по титулата во Премиер лигата и конечно да се врати на тронот во Англија.

Јунајтед води преговори и според медиумите Џејдон Санчо следната сезона треба да го облече дресот на „црвените ѓаволи“, а Англичанецот на „Олд Трафорд“ ќе пристигне во трансфер вреден 90 милиони евра. Тука нема да застане Солскјер кој на листата на желби ги има и Рафаел Варан и Едуардо Камавинга.

Варан е пред излезна врата од Реал Мадрид, па „црвените ѓаволи“ први ги започнаа преговори и според шпанските медиуми Французинот од следната сезона ќе го гледаме на „Олд Трафорд“.

Камавинга од Рен ќе се пресели во Јунајтед во трансфер вреден околу 60 милиони евра, а во трка за овој одлучин фудбалер се вклучени Реал Мадрид и ПСЖ, а според англиските медиуми, „црвените ѓаволи“ се најблиску до официјализирање и на овој трансфер.

Доколку Јунајтед ги обезбеди потписите на овие три големи засилувања, тогаш дефинитивно Јунајтед ќе биде голем конкурент на градскиот ривал – Сити и заедно ќе атакуваат на титулата во Премиер лигата, секако во овој атак е и Челси, освојувачот на Лигата на шампионите.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!