Европски ФудбалФудбал

Со нови 200 милиони, Гвардиола прави застрашувачки тим од Манчестер Сити

Екипата на Манчестер Сити во летен преоден рок ќе се обиде да ги донесе Хари Кејн од Тотенхем и Џек Грелиш од Астон Вила, што би значело дека следната сезона ќе имаат застрашувачки силен тим „граѓаните“.

Англиските медиуми утрово објавија информација дека Манчестер Сити испратил понуда од 100 милиони фунти за Грелиш и дека трансферот треба да се реализира по завршувањето на Европското првенство, а претходно напишаа дека прва желба на клубот е Хари Кејн, кој веќе на челниците на Тотенхем им кажа дека сака да си замине од клубот. Исто така, треба да чини 100 милиони фунти.

Исто така се додава дека Манчестер Сити ќе мора да продаде дел од своите играчи за да ги реализира овие два трансфери, а на трансфер-листата треба да се најдат и Рахим Стерлинг и Ријад Махрез, додека во клубот остануваат Фил Фоден, Бернардо Силва и Габриел Хесус.

Доколку овие тврдења се покажат точни, што е многу можно затоа што челниците на Манчестер Сити ветија дополнителни инвестиции во засилувања по поразот во финалето од Лигата на шампионите од Челзи, тогаш „граѓаните“ дефинитивно ќе бидат јасни фаворити за освојување нова титула во Премиер лигата и тешко е да се очекува дека некој може да парира на ваков тим.

Манчестер Сити ја освои титулата и минатата сезона, но сигурно навивачите и сопствениците на овој клуб се најразочарани затоа што загубија од Челзи со 1-0 во финалето на Лигата на шампионите.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!