ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

„Со љубов за Вардар“ – третолигашот од Неготино започнува акција со „картичка за лојалност“

Третолигашот Вардар од Неготино од денес и официјално ја започнува акцијата „картичка за лојалност“, со цел подобрување на финансиската состојба на клубот кој атакува за влез во Втората лига – Исток.

Изминатите месеци неколку клубови започнаа со вакви акции, но во Неготино е поразлично, бидејќи, секој којшто ќе сака да го поддржи клубот, може да одбере „картичка за лојалност“ од 100, 500 и 1000 денари во зависност од можностите, што овозможува секој да даде допринос.

„Почитувани, „Винари“, симпатизери и љубители на фудбалот, сакаме да Ве известиме дека од понеделник (29. март) започнуваме со акција под наслов „Со љубов за Вардар“. Со секоја купена „картичка за лојалност“ ќе придонесеме сите заедно за непречено функционирање на ГФК Вардар и поддршка на нашите фудбалери кој лавовски ги бранат боите на клубот. Локациите каде ќе се продаваат картичките се кафе бар „Јоко“ и ресторан „Александар – Пенелопа““, се вели во сооптешнието на клубот.

Од клубот, исто така истакнаа дека денес во присуство на членови на „Винари“ ќе биде изготвен записник на вкупен број на картички кои ќе бидат пуштени во продажба со реден број и печат, со што целиот процес околу акцијата „Со љубов за Вардар“ ќе биде транспарентен.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!