ОстанатоФудбалФутсал

Со големото дерби меѓу Проект и Шкупи ќе започне пролетниот дел од Првата футсал лига

Викендот започна пролетната полусезона во Првата футсал лига на Македонија. 13. коло ќе биде отворено во Кавадарци со дуелот меѓу Црна Река и Карадаку, а овој меч ќе стартува во 16:00 часот.

>>> ПРОМОВИРАЈТЕ АПАРТМАНИ И РЕСТОРАНИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<

Два часа подоцна во Гевгелија ќе се игра големиот дуел меѓу актуелниот шампион Проект и актуелниот лидер на табелата Шкупи. Овие две екипи ја водат битката за шампионската титула.

Останатите три натпревари ќе бидат одиграни во недела. Во 18:00 часот ќе започне мечот меѓу Енхалон и Велес во Струга, а во ист термин ќе стартува и натпреварот меѓу Јувентус Серава и Шкендија.

Колото ќе биде затворено два часа подоцна со дуелот меѓу Железарец и Арбен Бајрами.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!