ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Смоквоски на центарот во Велес, Ристовски го доби големото дерби покрај Охридското Езеро

Викендот стартува новата сезона од единствената Втора македонска фудбалска лига. Стартот првично беше предвиден за минатиот викенд, но ФФМ го одложи почетокот на новата сезона за утре (сабота).
Сите осум натпревари ќе започнат во 17:00 часот, а познати се и судиите кои ќе ја делат правдата во рамки на 1. коло од новата сезона.
- Делегирани судии 1. коло ВМФЛ:
Кожуф – Пелистер, Марјан Дејаноски (Кичево)
Арсими – Вардар, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Охрид – Тетекс, Христијан Божиновски (Скопје)
Детонит Плачковица – Беласица, Александар Василевски (Скопје)
Борец – Слога Виница, Кирил Смоквоски (Прилеп)
Караорман – Воска Спорт, Доне Ристовски (Гевгелија)
Пехчево Скопје – Гостивар, Стојанче Стојанов (Штип)
Каменица Саса – Беса, Благојче Ралевски (Битола)