ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Слога Виница: Задоволни сме од прикажата игра, ќе има неколку засилувања, продолжуваме со одличната форма од есенскиот дел!

Слога од Виница одигра одлична есен и заврши на делба на петтото место на табелата со 20 бодови. Второлигашот од Виница во минатата прекината сезона, заврши на првото место на табелата во Третата лига – Исток и доби промоција во Втората лига – Исток.

Спортска Мрежа разгораваше со управата на клубот за остварените резултати во есенскиот дел, за пролетните предизвици, за „костурот“ на екипата и засилувањата.

„Според прикажаната игра екипата на ФК Слога Виница заслужи уште неколку бода, но задоволни сме и со освоените 20 бидејќи имавме многу кратко време да ја надополниме екипата со фудбалери за новата сезона. Во зимскиот преоден рок екипата на ФК Слога ќе ја напуштат тројца фудбалери, но главно ростерот ќе биде сочуван и позитивната атмосфера во клубот мора да продолжи“, велат од клубот.

Од клубот си заминуваат тројца играчи, атмосферата е одлична, во следните денови ќе бидат официјализирани неколку засилувања со што екипата би продолжила со одличните игри и во пролетната полусезона.

„Во врска со засилувањата можам да кажам дека веќе имаме договорено двајца фудбалери, но за деталите во наредните денови, а се размислува за ангажирање на уште еден до двајца. Во пролетниот дел, сакаме да продолжиме со одличната форма од есенскиот дел, и со ангажирањето на новите фудбалери да бидеме и во првите четири екипи на табелата, со кои и сега разликата во бодови е многу мала“, ни изјавија од Слога Виница.

Подготовките ќе започнат на 16 јануари (сабота) и ќе се одвиваат на Градскиот стадион во Виница. Договорени се и шест тест натпревари, на 27 јануари со Дрита, на 30 јануари со Саса, на 3 февруари со прволигашот Беласица, на 6 февруари со Кожуф од Гевгелија, на 13 февруари со Детонит од Радовиш и на 20 февруари со Хоризонт од Турново.

Слога пролетниот дел го отвара на домашен терен со екипата на Кит Го од Пехчево.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!