ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Слога Виница со блокирана сметка, клубот вели дека платата ќе биде исплатена, мечот со Гостивар ќе се одигра!

Екипата на Слога од Виница која минатата сезона одигра одлично и беше меѓу најдобрите екипи во Втората македонска фудбалска лига – Исток, годинава има сериозни проблеми кои не му одговараат на клубот.

Виничани на петте одиграни кола во Втора лига имаат скор од 1 победи, три ремија и еден пораз и се наоѓаат на средината од табелата, што можеби и не е така лош почеток на новата сезона од резултатски аспект. Но, клубот има сериозен проблем бидејќи е блокирана сметката, а како што се зборува низ фудбалските кругови, играчите и шефот на стручниот штаб немаат земено плата поради блокираната сметка на Слога Виница и истите штрајкуваат. Дополнително, екипата нема одржано ниту еден тренинг после натпреварот со Беса, со што денешниот меч со Гостивар „виси“.

Сепак, Спортска Мрежа се обрати до второлигашот од Виница од каде добивме одговор на нашите прашања, со што Слога ги демантираше овие информации кои кружат во фудбалските кругови.

„Да, точно е дека нашата сметка е блокирана за претходни долгови, но клубот не е во финансиска криза како што милуваат да кажат некои локални личности. Додека околу платата на играчите и стручниот штаб истата ќе биде исплатена тековно како и до сега до секој 10-ти во месецот“, велат од Слога Виница за Спортска Мрежа и додаваат:

„Не точно дека не е одржан ниту еден тренинг, т.е екипата имаше тренинг се додека поголем дел од играчите заминаа со репрезентативните обврски како до У-19 така и во аматерската. Додека за натпреварот денес ќе присуствуваат сите играчи освен оние кои не се ангажирани со репрезентативните обврски. И за крај сето она кое се пласира се личности кои не се моментално во клубот и едноставно сакаат да му наштетат т.е партиски војници кои беа одстранети од клубот како играчи така и надворешни лица, а блиски на централната власт“, велат од Слога Виница за Спортска Мрежа.

Слога денес на Градскиот стадион во Виница во рамки на 6. коло треба да го пречека фаворитот Гостивар.

Од вчера Слога Виница започна со продажба на сезонски билети со што клубот сака да ја подобри финансиската состојба. Цената на една сезонска карта изнесува 1.000 денари.

„Почитувани навивачи, симпатизери и подржувачи на нашиот клуб сакаме да ве информираме дека од 30. септември започнувме со кампања – „Купи сезонска карта и помогни на твојот клуб“. Цената на сезонската карта изнесува 1.000 денари“, велат од Слога Винциа

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!