ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Слога Виница се засили со Дамјан Ивановски

Второлигашот Слога од Виница денес го претстави првото засилување со кое го засилува нападот. Станува збор за Дамјан Ивановски кој доаѓа од радовишка Плачковица.

24-годишниот Ивановски во својата кариера покрај Плачковица има настапувано за Вардар, Силекс, Милано, Гоблен Јуниор, Студена Вода, Каменица Саса и Кожуф од Гевгелија.

Покрај Антонио Бујчевски и Иван Митров, Слога со Дамјан Ивановски добива освежување во нападот за пролетната полусезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!