ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Слога Виница претстави седум нови засилувања, двајца од нив репрезентативци на Македонија

Второлигашот Слога 1934 од Виница претстави шест нови засилувања за новата сезона од единствената Втора македонска фудбалска лига.

Нови имиња во таборот на виничани се Дарко Николов, Бобан Тасевски, Ѓорѓи Јованоски, Богдан Велиновски, Буриам Алиев, Никола Павлески и Борјан Попоски.

20-годишниот Николов во Виница доаѓа од редовите на Пехчево, а настапува на позицијата централен дефанзивец. Младиот штипјанец потекнува од школата на Брегалница.

21-годишниот Тасевски игра на позициите лево и десно крило, во Виница пристигна од Каменица Саса, а во својата кариера настапуваше и за Беласица, Росоман, Детонит Плачковица и Академија Пандев.

Голманот Јованоски е повратник во редовите на Слога Виница, а доаѓа од прилепска Победа. 26-годишникот има настапувано и за Осогово, Големо Коњари, Беласица и 11 Октомври.

25-годишниот Велиновски кој има одлични дефанзивни карактеристики е повратник во редовите на Слога Виница. Игра на позицијата централен дефанзивец, а во Виница доаѓа по одличната сезона во дресот на Воска Спорт. Има настапувано и за Силекс, Детонит Плачковица, Брегалница, Македонија ЃП, а потекнува од редовите на Вардар. Во својата кариера, има настапувано и за Рудар Велење од Словенија.

Алиев е дефанзивен играч со прволигашко искуство и ќе претставува големо засилување за Слога Виница. 22-годишникот пристигнува од велешки Борец, а настапуваше и за Кораб, Работнички, потекнува од школата на Вардар, а настапуваше и за хрватскиот клуб Кутјево.

18-годишниот Павлески е репрезентативец на Македонија до 19 години, во Виница доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров и игра на позициите лев бек, десен бек и десно крило. Моментално е во Сесвете, Хрватска со репрезентацијата на Македонија која во четвртокот ќе има контролен натпревар со Народна Република Кина.

Последното засилување во редовите на Слога Виница е 18-годишниот Попоски, кој исто така е младински репрезентативец на Македонија до 19-години. Игра на позицијата централец дефанзивец, а во Виница доаѓа од редовите на Работнички. Моментално е во Сесвете, Хрватска со репрезентацијата на Македонија која во четвртокот ќе има контролен натпревар со Народна Република Кина.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!