Фудбал

Слога Виница го совлада Кадино во контролен натпревар

Второлигашите Слога од Виница и Кадино одиграа контролен натпревар кој заврши со победа од 3:2 за екипита од Виница.

Одличен натпревар во кој Слога дојде до водство уште во третата минута со голот на Б. Иванов. Доминантната игра на домакините резултираше со многу шанси за гол, но на полувреме се замина со истиот резултат.

Во второто полувреме и двајцата тренери и дадоа шанса на сите фудбалери. Кадино израмни на 1:1, но домашната екипа брзо дојде до водство со голот на Х. Крклински. По една грешка на одбраната на Слога, гостинот повторно го израмни резултатот на 2:2. Третиот гол за Слога го постигна Х. Бериша со кој и заслужено домакините запишаа триумф.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!