ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Слога победи по два месеци, Крстев со деби на клупата, Тетекс продолжува да тоне!

Денес беше комплетирана десеттата рунда од Втората македонска фудбалска лига. Слога од Виница по два месеци ја запиша втората сезонска победа, откако со 0:3 славеше над Тетекс на мечот одигран на Градскиот стадион во Велес.

Слога последен пат победи на 24. август, токму на овој стадион, во рамки на 1. коло со 1:2 славеше над Борец, а од тогаш не знаеше да победи.

Новиот тренер Крсте Крстев победнички дебитираше на клупата на виничани и по повеќе од два месеци ја врати радоста во Виница. Слога со новите три бодови направи сериозен прогрес на табелата во тешката борба за опстанок во Втора лига.

Емир Хусеиноски во 37. минута ја донесе Слога во водство од 0:1, а по само осум минути игра Иван Мицевски ја стресе мрежата на Анѓелковски за сериозна предност од 0:2 на полувреме.

Во вторите 45 минути сите дилеми околу трите бода ги реши Хусеиноски со втор гол во 71. минута за конечните 0:3 за голем триумф како планина и за три бодови кои ја враќаат победа кон средишниот дел од табелата.

Тетекс го впиша својот седми сезонски пораз и со тоа му се придружи на Борец кога е во прашање формата од последните пет натпревари. Ниту Тетекс ниту Борец немаат позитивен резултат од последните пет натпревари, додека пак велешани, немаат воопшто позитивен резултат од почеток на првенството.

Новиот кормилар Крсте Крстев, кој е повратник на клупата на второлигашот од Виница, очигледно го знае рецептот за победа и успешно дебитираше во клучен момент кога клубот беше во тешка ситуација.

Промените во Тетекс сè уште не даваат резултати, па „штофарите“ ги очекува тешка борба за опстанок во второлигашкото друштво.

По десет одиграни кола Слога има девет бодови и се наоѓа на 12-тото место на табелата, а во следното коло во Виница ќе игра против лидерот Вардар, додека пак Тетекс е претпоследен со седум бодови и во следното коло ќе гостува во Струмица против Беласица.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!