ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Слога ништо не ја запира – среде Прилеп славеше над Победа, Кожуф „откина“ бод од Беласица

Слога Виница денес потврди дека не случајно е на врвот од Истокот, откако среде Прилеп со 1:2 славеше над „Гоце Делчев“ над Победа и останува осамена на врвот од табелата, со што и ја доби битката за есенска титула. Резултатот беше отворен во 26. минута со гол на капитенот Иван Митров, а во вториот дел Давид Димитров дуплираше на 0:2. Конечните 2:1 ги постави капитенот на прилепчани Дарко Анѓелески во 77. минута.

Кит Го го доби Братство со 2:1 на Градскиот стадион во Штип. Двоен стрелец за домашните беше капитенот Бошко Ступиќ, а стрелец за гостите беше Еркан Шаип.

Осогово во Градско се „сопна“ и одигра 1:1 против Локомотива во меч каде беа поделени црвени картони. Домашните преку Ибрахимовиќ Џемал во 7. минута го отворија резултатот, а во 53. минута капитенот Тоше Манов ги постави конечните 1:1. Во 56. минута Кристијан Јованов и Екрем Мемеди беа исклучени од игра поради неспортско однесување, односно меѓусебно провоцирање и меѓусебно удирање. Во 75. минута поради неспортско однесување Енес Цури заработи втор жолт картон и беше исклучен од игра.

Каменица Саса на гостување во Радовиш со 1:3 го доби Детонит. Резултатот го отвори Филип Димоски во 15. минута од мечот, а во 51. капитенот Даниел Гоцевски дуплираше на 0:2. Во 72. минута капитенот на радовишани Славчо Јанев намали на 1:2 и го врати Детонит во игра барем за бод. Конечните 1:3 ги постави Дарко Алексовски.

Беласица се „лизна“ против Кожуф кој запиша херојски бод, откако одигра 1:1 во Струмица. Гостите од Гевгелија дојдоа до водство со гол на Христијан Бејков во 54. минута, а Александар Коцев во 63. минута ја спаси Беласица од пораз пред домашните навивачи.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!