ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Слога на дерби во Струмица, Детонит и Осогово во директна пресметка за трите бодови!

Слога Виница одличната форма ја потврди и со втор триумф на директниот конкурент Победа во Прилеп, избраниците на Никола Кузмановски веќе денес ќе бидат ставени на нов сериозен тест во Струмица – Беласица е последна пречка во есенската полусезона во Втората лига – Исток.

Победа на домашен терен ќе ја пречека Локомотива од Градско во меч каде прилепчани ќе имаат апсолутна фаворитска улога и ќе се надеваат на пораз на Слога во Струмица со цел да се израмнат со виничани на врвот од табелата.

Кит Го на домашен терен го очекува неизвесен дерби дуел со Каменица Саса, а пак Кожуф во Гевгелија ќе го пречека Братство.

Детонит во Радовиш ќе брка три бодови против Осогово со цел да излезе од опасната зона и да презими во средишниот дел од табелата.

Сите натпревари ќе стартуваат во 13:00 часот.

Пласман обезедио SofaScore LiveScore

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!