ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Слога го назначи Јане Николоски за нов шеф на стручниот штаб

Второлигашот Слога од Виница денес го назначи Јане Николоски за нов шеф на стручниот штаб.
Николовски кој е поранешен голман на репрезентацијата на Македонија доаѓа на местото на Крсте Крстев со кого управата на Слога реши да се раздели.
Клубот во текот на подготовките беше предводен од привремениот тренер Столе Ѓорѓиев, кој сега ќе му биде помошник на новиот тренер Николовски.
Слога одигра солидна есен и заврши на делба на петтото место на табелата, а пролетниот дел го отвара со дерби дуел на домашен терен против Кит Го од Пехчево.