ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Слога го доби Кожуф среде Гевгелија, Победа со минимален триумф над Осогово

Екипата на Слога со 0:2 го доби Кожуф среде Гевгелија во рамки на 26. коло од Втората лига – Исток. Гостите од Виница во 42. минута преку Богдан Велиновски го отворија резултатот. Конечниот резултат од 0:2 го постави Игор Момировски во 80. минута.

Прилепска Победа со минимални 0:1 славеше над Кочани во Осогово. Стрелец на единствениот погодок постигнат во 17. минута беше Илијоски Кисески Теофан.

Минимална победа од 0:1 запиша и Плачковица над Росоман во дуел на двете отпадната екипи. Стрелец на единствениот гол беше Дамјан Николовски постигнат во 25. минута.

Новиот прволигаш Брегалница во Штип со 1:2 го доби дуелот со Кит Го. Екипата од Пехчево прва стигна до водство со огл на Тони Мичковски во 27. минута. На стартот од вториот дел „сините“ израмнија на 1:1 со гол на Дарко Додев. Во 74. минута конечните 1:2 ги постави Андреј Кудијан.

Тиквеш на домашен терен беше сигурен над Каменица Саса откако на домашен терен славеше со 3:1. Резултатот беше отворен уште во 6. минута со гол на Стефан Наумчевски. Веќе во 13. минута домаќинот имаше 2:0 со гол на Сименон Христов. Во 65. минута Едиз Спахиу донесе водство од високи 3:0. Во самиот финиш Костовски си постигна автогол за конечни 3:1.

ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!